Цели

Земајќи ја во предвид уникатноста на полето на работа на Cleanex Professional на просторот на Охрид и околината, наша цел е да ја стекнеме довербата на клиентите и преку нашата услуга да им ја посочиме важноста на редовното одржување на темелна хигиена во нивната непосредна околина. Затоа, Cleanex Professional разви палета од сеопфатни сервиси со цел што подобро да се задоволат високите стандарди на корисниците и да се олесни нивното секојдневие преку овозможување на лесен пристап до сите потребни услуги преку само една агенција.