Перење на постелнини

Секогаш во тек со Вашите потреби, КЛИНЕКС ПРОФЕСИОНАЛ воведе услуга која се состои од  преземање, машинско перење, сушење и пеглање на сите видови на чаршафи, јоргани, ќебиња, јамболи и сл., нивно пакување и достава. Оваа услуга се докажува како многу поволна не само за домаќинствата, туку и за сите угостителски објекти, сместувачки капацитети, фризерски и козметички студија.

Она што е од особено значење е фактот дека целиот процес се одвива во хигиенски услови по светски стандарди. Перењето, сушењето и пеглањето се извршуваат во посебно опремена просторија со високо квалитетни машини, а се користат сертифицирани линии на средства кои го подобруваат квалитетот на постелнините и обезбедуваат максимално антибактиериско дејство. Дополнително, пакувањето се врши на секое парче одделно, повторно во насока на зачуваување на хигиената.

Конечно, сите постелнини Вам Ви се враќаат за помалку од 24 часа, подготвени за употреба.